Kumanovski Muabeti (Macédoine)


Запросување над Месечината за 125 милиони евра.


Агенцијата „АпотеоСурпрајз“ од 2022. година воведува можност за запросување над Месечината, по цена од 125 милиони евра.


Во соопштението на агенцијата се наведува дека секоја личност која е вљубена и богата ќе може да резервира целосно организирана услуга, но дека претходно ќе мора д амине физички тренинг и техничка обука во траење од 12 недели.


Ќе се полетува од Кејп Каневрал на Флорида, а доаѓањето во орбитата на Месечината е планирано три дена по полетувањето, се наведува во соопштението.


При запросувањето, во позадина ќе биде пуштена песната „Fly me to the Moon“ од Френк Синатра.


Патувањето на капсулата ќе биде слично на патувањето кое ги испиша мисијата Аполо 8 во 1968. година. Капсулата, која ќе може да постигне брзина од 38.000 километри на час, ќе биде опремена со осум камери.