Daily Macedonia (Macédoine)


Ова ќе биде најскапата и најлуда свршувачка: Дека љубовта не знае за граници, наскоро ќе докажат мажите кои своите избранички ќе ги запросат над Месечината.


Агенцијата "ApoteoSurprise" во 2022. година воведува можност за свршувачка над Месечината, која ќе чини астрономски 125 милиони евра.


Во соопштението на агенцијата се наведува дека секое лице кое е заљубено и богато, ќе може да резервира комплетно организирана услуга, но дека пред тоа ќе мора да мине физички тренинг и техничка обука во траење од 12 недели.


Љубовта која достигнува се до Месечината наскоро ќе стане реалност, а целта на париската агенција е да "спроведе најлуди и најнеобични свршувачки во историјата".


Ќе се полетува од Кејп Канаверал на Флорида, а пристигнувањето во орбитата на Месечината е планирано за три дена по полетувањето, се наведува во соопштението. Се прекинува секаква комуникација со Земјата во текот на 30 минути, додека капсулата ја надлетува скриената страна на Месечината.


Со звукот на песната "Fly Me To The Moon" од Френк Синатра, момчето ќе може да ја побара раката на својата сакана, со свршувачки прстен сокриен во неговиот комбинезон, далеку од сите облици на живот.


Потоа следи спектакуларно набљудување на кратерите на Месечината и враќање назад во тек од четири дена.


Патувањата во капсулата ќе бидат слични на патувањата на мисијата Аполо 8 во 1968. година. Капсулата, која ќе може да достигне брзина до 38.000 километри на час, ќе биде опремена со систем од осум камери.