Скапа романтика: Запросување над Месечината за 125 милиони евра.
Агенцијата „АпотеоСурпрајз“ од 2022 година воведува можност за запросување над Месечината, кое ќе чини астрономски 125 милиони евра.
Во соопштението на агенцијата се наведува дека секое лице кое е заљубено и богато ќе може да резервира комплетно организирана услуга, но дека пред тоа ќе мора да пројде физички тренинг и техничка обука во траење од 12 недели.
На пат ќе се тргнува од Кејп Каневерал на Флорида, а доаѓањето во месечевата орбита планиран е за три дена од полетувањето.
При запросувањето, во позадина ќе биде пуштена песната „Fly me to the moon“ од Френк Синатра.
Движењето на капсулата ќе биде слично на патувањето кое го направи мисијата на „Аполо 8“, во 1968 година. Капсулата, која ќе може да постигне брзина од 38.000 километри на час, ќе биде опремена со ситем од осум камери.
